Екипата на „Внимание“ ги праша граѓаните дали доволно го користиме сонцето како обновлив извор на енергија.
Повеќето од граѓаните сметаат дека тој ресурс не се користи доволно, додека дел истакнуваат дека во последните години има иницијативи што е добро и тие треба да станат помасовни.
„Имаме предност како поднебје, што имаме доволно сонце преку целата година, тоа е големо богатство за сите нас“ вели еден граѓанин, додека друг вели „Слабо го користиме, ама ќе се поправи“.
Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“