На 92-годишна возраст, денеска почина поранешниот грчки претседател Каролос Папуљас, кој на позицијата шеф на државата беше во периодот од 2005 до 2015 година.
Беше висок функционер на Социјалистичката партија ПАСОК и близок соработник на нејзиниот покоен лидер и поранешен премиер Андреас Папандреу.
По завршувањето на вториот претседателски мандат во 2015 година, Папуљас се повлече од политичката сцена во Грција.