Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Аџибадем Систина: Успешно оперирано новороденче со ретка аномалија на хранопроводот

0
By Нова ТВ on February 22, 2019 ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Само два дена по раѓањето, среќните родителски мигови од доаѓањето на свет на нивното дете ги заменила агонијата дека новороденчето мора да помине низ сериозен хируршки зафат. На дете родено во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, 48 часа по раѓањето му е откриен редок тип аномалија на хранопроводот. Тоа што во светот го има едно на 3.000 деца, било детектирано токму кај ова новороденче. Станува збор за отсуство на континуитетот на хранопроводот, ургентна состојба што морало брзо хируршки да се реши оти била и животно-загрозувачка. Докторите забележале дека кај бебето плунката практично се слева надвор затоа што, како што увиделе, горниот дел на хранопроводот завршува слепо, а долниот дел комуницира со трахеата. Во нормални случаи, хранопроводот продолжува во желудникот. Овој наш херој е опериран, со добра општа здравствена состојба и веќе се наоѓа во својот дом.

Д-р Станка Танчева-Крстевска, педијатар, емотивно раскажува за случајот. Среќна е што веднаш по интервенцијата малиот почнал да се храни преку уста.

-Детето се роди во 35-тата гестациска недела, со тежина од 2.180 грама. Брзо по раѓањето кај него е забележана вродена аномалија, еден вид атрезија која не може да се дијагностицира за време на бременоста. Понекогаш тешко се дијагностицира и по раѓањето, бидејќи бебињата во првите неколку денови од животот не внесуваат голема количина храна. Ние ја забележавме аномалијата многу рано и веднаш направивме езофагограм. На снимката детектиравме прекин во хранопроводот. Состојбата беше ургентна и мораше веднаш да се реши за да не дојде до поголеми компликации. Се изведе посериозна интервенција од областа на неонаталната хирургија. Среќни сме што по интервенцијата детето почна да се храни преку уста, вели Д-р Танчева-Крстевска.

Оваа сложена интервенција за првпат во „Аџибадем Систина“ ја изведе детскиот хирург д-р Ристо Симеонов. Тој вели дека операцијата траела неколку часа.

„Овој тип аномалии се дијагностицираат по раѓањето, кога кај детето се јавува неможност за сливање на плунката надолу и таа излегува преку устата. Втор карактеристичен знак што сигнализира на проблем е неможноста да се стави назогастрична сонда во желудник, бидејќи прекинот во хранопроводот прави отпор. Професор Д-р Зоран Трајковски направи езофагорам со контраст преку уста, на кој се гледа дека горниот дел завршува слепо, односно контрастот не оди надолу. По добиените резултати, испланиравме операција, која се изведе вториот ден од раѓањето на детето. Колку побрзо се направи хируршката интервенција, шансата за понатамошен успех е поголема. Постои опасност ако не се направи интервенцијата, детето да ја проголта плунката и таа да отиде до трахеата и да доведе до нефункционалност во белите дробови поради исполнување со течност. Потоа работите се комплицираат, па покрај постоечкиот проблем со хранопроводот, доаѓа до дополнителни компликации, кои кај недоносено бебе со два килограма може да завршат и фатално.“, вели д-р Симеонов.

По успешно изведената интервенција, бебето е сместено на Одделот за неонатална интензивна нега и  по неколку дена е пуштено да си оди дома. Докторите очекуваат да има нормален раст и развој, без проблеми. Како и секое друго новороденче, така и ова бебе ќе се стави на вообичаен режим на исхрана и нормално ќе функционира. 

*Маркетинг текст

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.