Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Албанија откриено најголемото подземно термално езеро во светот

0
By Marija Todorovska on February 11, 2025 ВЕСТИ
Фото: Euronews.al
Фото: Euronews.al
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тим чешки научници, во јужниот дел на Албанија, го открија најголемото подземно термално езеро во светот и го именувале „Нејронско Езеро“, по фондацијата “Нејрон“ што ја финансирала експедицијата.
Откритието дојде по неколкугодишно истражување во долините на планинските погранични области меѓу Грција и Албанија, во сложени подземни услови. Тимот го предводел чешкиот спелеолог Марек Ауди, кој се сомневал дека постои скриен систем на термални пештери во јужниот албански регион Вромонер.

Фото: Euronews.al
Фото: Euronews.al

Додека ја мапираа областа, во близина на грчката граница, и ја следеа пареата од бројните загреани извори, научниците открија бездна длабока 100 метри. На неговото дно, го пронашле езерото, кое е долго 138 метри, со широчина од 42 метри а може да собере 8.335 кубни метри топла вода,  објави албанската државна агенција АТА.

Во регионот Вромонер, на албанската страна на границата, научниците во 2021 година наишле на обемен пештерски систем, кој оттогаш го мапирале детално.

Тие велат дека сега знаат дека околните топли извори се со вода од подземно езеро.

„Веруваме дека ова откритие би можело да придонесе и за заштита на целата област и подобро разбирање на нејзината хидрологија, бидејќи до денес никој не знае точно како овие подземни води се поврзани со површината“, изјавил членот на тимот Ричард Бад, фотограф и спелеолог.

Албанија подземно термално езеро чешки научници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.