Во несреќата на Боингот 777 кој се урна на меѓународниот аеродром во Сан Франциско, загинаа најмалку две лица, а беа повредени 182, јавува Би-Би-Си, повикувајќи се на изјави на официјални лица. Двајцата мртви имаат кинески пасоши, а од 182 лица кои се повредени 141 се Кинези, 77 Јужнокорејци и 61 Американци.
Слики испратени на Твитер ги покажуваат патниците како скокаат од слајдови кои служат за итно спасување и ја напуштаат областа, додека се гледаат облаци од чад како излегуваат од авионот.
Пожарникарите и спасувачките екипи се на местото на срушениот Езијана ерлајнс, лет 214, кој полетал од главниот град на Јужна Кореја, Сеул.
Причината за несреќата сеуште не е позната.