Заводот за јавно здравје во Сараево со налог привремено го стопираше вакцинирањето со ДиТеПер (детска парализа) вакцина на целата територија на Босна и Херцеговина. Забраната следи откако седуммесечно бебе почина по примањето на вакцината.
Покрената е и истрага за смртта на бебето од местото Лукавица, кај Тузла, кое починало откако ја примило третата доза од оваа вакцина, пренесуваат босанските медиуми.
Бебето неодамна ја примило третата редовна доза од овој тип вакцина. Вечерта заспало, без никакви симптоми дека не е добро, но веќе не се разбудило.