Конфликтот се разгоре после пресудата за смртна казна на 21 лице од страна на Египетски суд за ланското насилство на фудбалски меч, во кое загинаа 74 лица. Судската одлука беше директно пренесувана на телевизија, а пресудата на преостанатите 52 обвинети ќе биде соопштена на деветти март. Ова насилство ја одбележува двегодишнината на револуцијата која го симна од престолот Хосни Мубарак.