Тројца демонстранти, приврзаници на соборениот претседател Мохамед Морси се убиени кога Египетската армија пукала во демонстрантите што на улиците во Киаро излегоа во знак на негова подршка јавува телевизијата АЛ АРАБИЈА.
Привремениот египетски претседател Али Мансур денеска го распушти египетскиот парламент во кој мнозинство имаа исламистичките партии предводени од Муслиманското братство.
Над десет илјади демонстранти поддржувачи на оваа исламистичката партија денеска маршираа пред седиштето на Републиканската гарда во Каиро каде што сеуште се наоѓа Морси.
Армијата демантираше дека употребила огнено оружје врз демонстрантите и тврди дека немало загинати во судирот.
Демонстрантите им возвратиле на војниците со камења, по што бил употребен и солзавец. Инцидентите се закануваат да предизвикаат ескалација на состојбата во Египет.