Во напад на крадци од Јужен Судан, во западниот дел на Етиопија убиени се над 200 луѓе а над 100 деца се киднапирани, пренесуваат дел од светските новински агенции.
Нападот се случил во петокот во областа Гамбел каде што престојуваат речиси 300.000 бегалци од Судан, кои ја напуштиле земјата поради војната во нивната земја.
Според портпаролот на Владата на Етиопија, безбедносните сили работат и се многу блиску да ги уапсат напаѓачите.