Француската полиција во Париз приведе четири лица, еден државјанин на Мали и тројца Французи по потекло од Конго, во рамките на антитерористичката операција насочена против оние за кои се сомнева дека се обидуваат да им се придружат на исламските екстремисти во странство.
Францускиот министер за внатрешни работи Манјуел Валс, денеска соопшти дека француските власти се загрижени поради приклучувањето на француските екстремисти кон бунтовниците во Сирија или кон Мали.
Франција стравува дека северот на Мали би можел да стане рај за “терористи” во светот, минатиот месец започна воена интервенција на таа територија по што екстремистите започнаа да напредуваат кон престолнината на Мали, Бамака, истакна Валс.