Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Германија од ноќеска се воведени нови, построги мерки против ширењето на коронавирусот

0
By Нова ТВ on April 24, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Германија од ноќеска, на полноќ, стапија на сила измените во Законот за заштита од инфекции, што на федералните власти им овозможуваат автоматско воведување на построги мерки во борбата против Ковид-19, вклучувајќи и забрана за движење меѓу 22 и 5 часот наутро, во градовите и општините со седумдневна инциденца повисоки од 100 новоинфицирани на 100.000 жители.

Пред влегувањето во сила на измените на законот, германската Влада апелираше до граѓаните да се придржуваат до мерките, особено оние во врска со намалување на контактите, што вклучува и забрана за движење од 22 до 5 часот наутро.

-Знам дека е тешко, дека тоа тешко му паѓа на секој од нас, но тоа е нужно за еден ваков преоден период, изјави вчера министерот за здравство Јенс Шпан.

Особено контроверзна е мерката за забрана за движење во текот на ноќта, против која се поднесени бројни тужби пред Уставниот суд во Карлсруе.

Мерките усвоени од Долниот и Горниот дом на парламентот, Бундестагот и Бундесратот, во средата и четвртокот, вклучуваат мерки за намалување на контактите, кои овозможуваат едно домаќинство да се сретне со само едно лице од друго домаќинство.

Трговците во малопродажба, продавниците за храна и за секојдневни потреби и аптеките ќе  можат да примаат клиенти само со негативен тест за коронавирус и со претходно закажување.

Со седумдневна инциденца над 165 веднаш и во целост се преминува кон онлајн настава во училиштата.

Од 22 до 5 часот забрането е движење, со исклучок на трчање или пешачење за поединци на кои тоа им е дозволено до полноќ. Од полноќ до 5 часот наутро, само на луѓето со многу силна причина, како што се одење на работа или на лекар, им е дозволено да излегуваат на улица.

Според МВР, забраната за движење се однесува и на патувањата, а исклучок единствено се  деловните патувања.

Сите овие мерки автоматски стапуваат на сила во оние градови и области каде што седумдневната инциденца во три дена по ред е со вредност над 100.

Според Државниот епидемиолошки институт, Роберт Кох денеска оваа мерка се однесува на  345 од 412 области во Германија.

Остануваат во сила мерките што беа воведени на почетокот на ноември минатата година, а кои се однесуваат на забраната за работа на културните, спортските и угостителските објекти.

Законските измени што придонесуваат за унифициран пристап низ целата земја беа воведени откако федералните и провинциските власти не можеа да се договорат за униформна примена на мерките за борба против ширењето на коронавирусот.

Сега централната влада може сама да наметне мерки, а кои досега беа одговорност на федералните покраини.

Законските измени во моментов се ограничени до крајот на јуни.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.