Во главниот град на Либија утрово повторно избија вооружени судири, јави Анадолија.
До судирите дојде меѓу групи во квартовите Аин Зара, Рас Хасан и Бин Ашур, изјавија локални извори.
Сè уште нема информации за жртви.
Либиските медиуми јавуваат дека поради судирите се суспендирани летовите на аеродромот Митига, додека Министерството за образование ја прекина наставата во сите училишта во Триполи.
Мисијата на ОН за поддршка во Либија (УНСМИЛ) изрази загриженост поради судирите во Триполи.
УНСМИЛ е длабоко вознемирен од ескалацијата на насилството во густо населените квартови на Триполи втора ноќ по ред, што доведува многу цивили во сериозна опасност, наведува УНСМИЛ, повикувајќи на итно, безусловно примирје.
Судирите првпат избија во понеделникот по смртта на Абдел Гани ал-Кикли, кој го води Апаратот за поддршка на стабилноста поврзан со Претседателскиот совет.
Либија е во длабока политичка и безбедносна криза уште од 2011 година, кога долгогодишниот владетел Моамер Гадафи беше соборен по четири децении на власт.