Жителите на Скопје и во изминатото деноноќие дишеа загаден воздух, а таква е ситуацијата и утринава.
Неколкупати повисоки концентрации на ПМ10 честичките се регистрирани на сите мерни станици, а максималната од 533 микрограми е измерена во населбата Лисиче.
Во Карпош највисоките концентрации се измерени меѓу 18 и 23 часот кои на моменти достигнале до 335 микрограми.
Утрово во општина Гази Баба се измерени 162 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен. Според мерењата највисоките концентрации утрово се во Центар од 231 микрограми.