Јеменското Министерство за здравство управувано од Хутите соопшти дека во вчерашните израелски напади во главниот град на Јемен, Сана и врз северната покраина ал Џаф, загинале 46 луѓе, а 165 се повредени.
Нападите се извршени како одговор на нападите предводени од терористичкиот режим на Хутите против државата Израел, кога со дронови и проектили земја-земја нападнаа израелска територија, се наведува во соопштението на израелската армија (ИДФ).
Претходно, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ќе продолжат нападите врз Хутите.
Кој и да нè нападне, ние ќе возвратиме, наведе Нетанјаху.
ИДФ вчера објави дека пресретнала ракета и дрон од Јемен, а Хутите подоцна презедоа одговорност.
Операцијата беше одговор на израелската агресија против нашата земја, изјави портпаролот на Хутите.