Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Кичево се гласа како да се работи за живот или смрт

0
By Сашка Цветковска on March 24, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Долги се редовите за гласање речиси во секое гласачко место во Кичево. Уште од отворањето на гласачките кутии, за да се дојде на ред за гласање се чека од час па до два. Во меѓувреме, речиси целиот партиски врв од владејачката партија е присутен во Кичево.

“Излезноста е голема, проблеми засега нема, а и не очекуваме“, вели висок претставник на владејачката партија кој е присутен во Кичево за Нова.

Иако засега нема никакви инциденти и гласањето се одвива без проблеми, атмосферата во градот најдобро ја опишува еден од жителите.

“Овие избори се сфатија како живот или смрт. Да се гласа е најважно, а оние кои не гласаат нема да изгледаат добро во очите на своите комшии, роднини”, целата заедница, вели средовечниот жител кој сакаше да остане анонимен.

-Едноставно работата е таква, тие или ние. Албанец или Македонец.

Кога се исклучени камерите, работите се појасни. Сите ќе ви кажат дека најважно е градоначалникот да е “нивни човек”. Штом се вклучат снимачите, жителите на Кичево ќе го кажат она што сметаат дека од нив се очекува да го кажат.

“Важно е да чесен, да ни направи патишта, работни места. Не е важно дали е Албанец или Македонец,” вака јавно коментираат речиси сите со кои разговаравме.

Изгледот на градот, пак, зборува нешто друго. Знамиња во застрашувачки димензии, албански и македонски, висат на зградите во Кичево. Нема автомобил на кој не е закачено едно од знамињата. Со знаменцата се оди и на гласање. Едноставно, секое катче во градот има доволно етнонационалистички симболи за да се сфати дека во Кичево изборите навистина се сфатени како живот или смрт.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.