Украинскиот претседател Виктор Јанукович и еврокомесарот за проширување на ЕУ и соседски политики, Штефан Филе, разговарале за перспективата за спроведување на уставни реформи, како и за можноста Киев да добие финансиска помош од земјите членки на Европската унија, соопшти во четвртокот службата за односи со јавност на украинскиот претседател.
„За време на средбата беше продолжено разгледувањето на прашањето за демократско и мирно решавање на политичката криза во Украина, перспективите за уставните реформи и обезбедувањето финансиско-економска помош за Украина од страна на ЕУ и меѓународните финансиски организации”, се вели во соопштените што го цитира РИА Новости.
Јанукович, исто така, ја истакнал важноста од враќањето на атмосферата на доверба меѓу власта, опозицијата и цивилниот сектор, како и строго придржување до важечките закони.
Претходно на брифингот со медиуми, еврокомесарот Штефан Филе, кој во Киев престојува по третпат за последните три седмици, за средбата со претседателот Јанукович рече дека разговарале за безбедносната состојба во земјата, вклучително и за создавање комисија за испитување и промена на законот за амнестија.
„Му предложив на претседателот да се разговара за две групи прашања, поврзани со прашањата од безбедноста и со политичкиот процес. Имавме можноста да разговараме за првата, а денеска се надевам дека ќе можеме да разговарам и за другата”, изјави Филе.
Според него, разгледувањето на безбедносната состојба во Украина било концентриран на три прашања „комисијата (за испитување), законот за амнестија и неговата примена и неопходноста од создавањето меѓусебна доверба во општеството”.
Филе, исто така, смета дека насилството во Украина е неприфатливо и оти е неопходна брза истрага за сите познати случаи. „Насилството е неприфатливо, политичарите мора да размислуваат за последиците од своите дејствија но и неактивноста”, изјави еврокомесарот во четвртокот. Според него, во Украина е неопходно да се спроведе „скорешна транспарентна истрга за случаите на насилствата

