Почина постара жена од Кина заразена со вирусот птичји грип од типот Х10Н8, би можело да биде и првиот ваков случај на заболен од овој тип на вирусот кој ретко се забележува кај луѓето.
Како што јавуваат кинеските здравствени власти 73-годишната жена починала на 6 декември, а имала јако запаление на белите дробови, висок крвен притисок, болно срце и чувствувала слабост во мускулите.
„Смртта се третира како поединечен случај, а ризикот за пренос на луѓето е низок“, пренесува Си-еН-еН.
Лицата кои биле во контакт со жената не покажуваат никакви симптоми и нивното здравје е нормално. Вирусот може да биде кобен кај постари лица или кај лица со слаб имунитет.