Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во ковид центрите се лекуваат 391 пациент, слободни 450 болнички кревети

0
By НОВА ТВ on May 20, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 391 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид центрите, информира Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани шест нови пациенти поради компликации од корона вирусот со што вкупно 151 лице сомнително и потврдено за Ковид 19 се лекува на инфективните одделенија во главниот град од кои голем дел се на кислородна поддршка. Дома се пуштени 20 оздравени пациенти.

В последното деноноќие, на Интерните клиники имало два  приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало седум примени пациенти, а шест биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во  ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 31 пациент. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 53 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 67 пациенти.

-Бројот на приеми во изминативе денови се намалува  и утрово до 8 часот имало 150 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места, велат од Министерството.

Нагласуваат дека во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 240 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има пет пациенти, во Велес се лекуваат 29 болен, а во Куманово 43 пациент позитивeн и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 29 пациенти, во Прилеп 15, во ковид центарот во Гостивар седум, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 14 пациент, во Кочани, Кичево и Кавадарци по седум, а во Гевгелија четири лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички  места до кои има довод на кислород.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.