Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во критична состојба 4 пациенти-двајца од Заводот за рехабилитација се на Инфективна

0
By Менче Атанасова Точи on March 31, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Двајца пациенти починаа, а четворица се во критична состојба на Инфективната клиника, додека 20 имаат потреба од кислородна маска. На другите лица не им е потребна дополнителна поддршка од кислород. Двајца заболени од Заводот за рехабилитација се хоспитализирани на Инфективната клиника каде во моментов се лекуваат 54 пацинети, рече министерот за здравство Венко Филипче.

„Станува збор за двајца мажи, кои починаа синоќа после полноќ. Едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар. Починатиот од Куманово бил однесен во болницата “8 Септември“, а потоа кога состојбата се влошила е префрлен на Инфективната клиника  каде починал. Тој имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања“, изјави министерот Филипче.

Во Заводот за рехабилитација во Козле двајца од заразените заради серозноста на здравствената состојба се хоспитализирани на Инфективната клиника, а се чекаат резултатите на уште 16 вработени. Заводот е затворен, а сите кои имаат потреба од реахбилитација ќе бидат праќани во болницата „8 Септември“. Затворена во наредните 14 дена ќе биде и болницата „Плодност“, во Битола.

Се очекуваат резултатите и од двајца починати пациенти на кои посмртно им е земен матријал за тестирање, тао е жената од Лабуниште и уште еден маж од Битола.

„Во историјата на болеста на 31 годишното момче кое пред два дена почина на Инфективната клиника не е регистрирано хронично заболување иако на специјалистот претходно укажал на нешто, но во истријата на болеста не регистрирана никаква претходна болест“, изјавви Филипче.

Тој рече дека во болницата во Охрид се детектирани пропусти за што понатаму ќе се превземаат мерки.Новиот директор прави реорганизација на работата, така што и на инфективното одделение да се примаат пациенти.

Од отпучување на епидемијата досега вкупно се направени 3.518 тестови. Мобилните тимови, информираше Филипче, од утре почнуваат со работа во Скопје, како подршка на пунктовите во Центрите за јавно здравје. Целта е да се земе материјал од постарите лица на кои им е препорачано да не излегуваат дома. Во текот на неделава се очекува да се екипираат и организираат сите пунктови на ниво на цела држава. Засилено тестирање Филипче најави и во Куманово, откако во последното деноноќие се регистрирани нови 23 случаи.

„Се земаа многу материјали. Многу е рано да се каже дали ова е драматично зголемување. Ќе ја следиме состојбата во овој град“, рече Филипче.

За да се забрза тестирањето мобилен тим и во болницата „8 Септември“, ќе зема брисеви.  Од денесе во функција е пунктот во поликлиниката во Чаир, а од утре и во Млин Балкан. Веќе од утре ќе профункционира и мобилната болница поставена до Инфективната клиника со 130 кревети, а до крајот на неделата и комплетно ќе биде ставена во функција.

Министерот рече дека има доволно тестови, нивниот број е зголемен за 2/3, а има донации од привтни лаборатории. Филипче најави дека уште од утре приватните специјалисти интернисти ќе бидат вклучени во мрежата за да добиваат известувања кои пациенти се заболени или починати за и тие да имаат увид дали овие пациенти поминале низ нивните ординации, а тоа да можат да превземат мерки за да не се шири вирусот.

Засега, рече дека нема потреба од заострување на мерките и дека состојбата будно се следи и потенцира дека се уште нема одговор од амбсадата на Кина за помошта која се очекува од оваа држава.

Министерот ја објасни разликата меѓу тестовите во ИЈЗ и приватната болница Систина. Тој рече дека ПСР тестовите во јавното здравство веднаш ја детектираат болеста преку брис, а вторите кои се со земање на крв преку антитела покажуваата на два начини, се два типа- едниот покажува присуство на болест веднаш, а вториот дали болеста е прележана.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.