Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Македонија нема социјална правда

0
By Zoran Ivanov on May 1, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нашиот капитализам е втемелен само на парите,односно на оној што ги поседува парите а не и на вредноста на трудот.

Тито Петковски

Прогресивниот дел од светот го слави Меѓународниот ден на трудот.Скромно се одбележува и кај нас,благодарејќи на некои синдикати.Полека,но сигурно се потиснува во заборав поради силниот противење на десно ориентираните власти.

Неолибералниот модел на капитализмот во Македонија ги релативизира и девалвира работничките права. Ги уништи синдикатите, го промовираше рамниот данок, притоа фаворизирајќи ги компаниите со странски капитал.

На спроти тој модел,во кој социјалните прашања и проблеми од делот на работните односи се фрлени на маргините,на македонското општество му е потребен социјален договор создаден од граѓаните.

Само на овој начин, преку социјален договор втемелен на взаемна доверба и изградено чувство на правда,може да се врати довербата во институциите на системот. Огромните социјални разлики помеѓу работодавачите и работниците создадоа јасна перцепција кај јавноста за непостоење на социјална правда во Македонија.

Сопствениците на капиталот уживаат во големите материјални привилегии кои далеку ги надминуваат нивните реални потреби,додека пак од другата страна ги имаме работниците кои со своите примања, честопати неможат да ги задоволат нивните егзистенцијални потреби. Оваа состојба го разјадува социјалното врзивно ткиво на македонското општество.

Главниот проблем лежи во фактот што,според нашите прописи единствено парите имаат третман на капитал во системот што го градиме. Трудот,во таквиот систем е само пазарна категорија. Стока на пазар,игнорирајќи го како важен елемент во создавањето на профит и не признавајќи ја неговата улога на капитал.

Нашиот капитализам е втемелен само на парите,односно на оној што ги поседува парите а не и на вредноста на трудот.

Отпорот кој доаѓа од работната сила најчесто манифестиран како штрајк и е израз на барањето на трудот да биде признаен, односно вреднуван како капитал. Работникот не ја прифаќа позицијата во која е ставен без своја воља и согласност. Неговата борба за работничките права,достоинството на трудот,социјалната правда и социјалната држава мора да продолжи.

Честит 1 Мај!

 

 

 

 

капиталот Први мај Тито ПЕтковски трудот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

ВЕСТИ October 6, 2025

Во египетското одморалиште Шаем ел Шејк почнаа индиректните разговори помеѓу делегациите на Израел и Хамас…

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.