Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во македонската амбасада во Брисел изложба на ликовни дела на Славко Јаневски

0
By Marija Todorovska on May 29, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамките на одбележувањето на Денот на македонскиот јазик, односно на 80-годишнината од прогласувањето на македонската азбука, во македонската амбасада во Брисел се отвори изложба на ликовни дела на Славко Јаневски. Станува збор за двесетина слики, масло на платно, во мал формат кои беа изложени пред очите на стотината посетители на овој настан. Изложбата ја отвори архитектката Јана Јаневска Терзиоска, ќерка на Славко Јаневски, која при тоа го прочита кусото излагање на Ѕвездан Георгиевски, извршен директор на Фондацијата „Славко Јаневски“.

Георгиевски во своето обраќање, меѓу дугото, вели: „Постојат луѓе без јазик, но не постои јазик без луѓе. Постојат мислења без јазик, но не постои јазик без мислење. Новороденчињата, малите бебиња, не го знаат јазикот, а сепак мислат. Јазикот не е органска материја, тој се учи. Јазикот е конструкт, човечка измислица за полесно разбирање меѓу луѓето. Творецот на модерната лингвистика Фердинанд де Сосир рекол дека сѐ додека се разбираме зборуваме правилно. Кога нема да се разбереме, зборуваме погрешно“. И додава: „Им верувам на учените кога велат дека јазикот е најважниот пронајдок на човекот. Многу поважен од тркалото, на пример. Или од било која технолошка револуција. Јазикот не служи само за комуникација, туку тој го осмислува, обмислува и го формира човекот. Без него нема напредок и без него не постојат ниту автомобили или компјутери. Тој е содржина без која не можеме ниту да се осмислиме, ниту да егзистираме. Тој е една од ретките човечки конструкции што има органски квалитети: живее самостојно, се развива, но и – умира“.

Осврнувајќи се на заштитата на јазикот, тој вели: „Како тогаш да го чуваме јазикот? Така што ќе го зборуваме, ќе го збогатуваме, ќе го оплеменуваме. Да, но најдобро ќе го сочуваме така што ќе ги чуваме луѓето, неговите говорители“.

Се разбира, се осврнува и на делото на Јаневски: „Славко Јаневски, преку јазикот што континурано го облагодоруваше, не се градеше само себеси и својата смисла, туку нѐ градеше сите нас и нашите мисли. Но, Јаневски знаеше и една друга многу важна работа. Знаеше дека не сѐ може да се изрази со зборови. Тој, ако можам така да кажам, беше своевиден уметнички и интелектуален полиглот. Она што не можеше да го изрече, го кажуваше преку филмот и сликарството“.

На оваа свеченост меѓу другите, присуствуваа заменичката генерална секретарка на НАТО Радмила Шеќеринска, шефот на Мисијата при ЕУ Зулфи Исмаили, в.д. амбасадорката Сузана Мехмеди, како и претставници на дипломатскиот кор и многу други заинтересирани посетители. Музичкиот дел го осмисли „Љубојна“, стихови од Славко Јаневски и Блаже Конески читаа Лабина Митевска и Маја Дамјановска Момироска.

Брисел изложба славко јаневски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.