Податоците од НБРМ покажуваат дека минатиот месец од вкупниот број на блокирани сметки, 120.569 се сметки на физички лица, а останатите 63.567 се блокирани сметки на фирми. Според податоците споредено со февруари бројот на блокирани сметки е намален.
Но ако се направи споредба со март 2013, мерењата на Народната банка покажуваат дека во континуитет расте бројот на блокирани жиро -сметки и на блокирани граѓани и фирми.Така во март минатата година вкупниот број на блокирани жиро сметки бил 150.651, од кои 60.121 биле сметки на физички лица, а останатите 90.530 на фирми.
Податоците на НБРМ покажуваат дека минатиот месец вкупниот број на блокирани депоненти односно граѓани и фирми изнесувал 85.425. Од нив 40.948 се правни лица а 44.477 физички лица.. Во спродеба со февруари бројката е намалена е за 3.258, но во споредба со март 2013 година бројката е зголемена за 14.285 сметки.
Блокирањето на жиро сметките се по основ на извршни решенија за неплатени обврски кон банки или пак долгови меѓу самите фирми, но и долгови кон државата.
Според податоците од извршителите речиси 90% од предметите се на барање на комуналните претпријатија, за наплата на комуналии, сметки за струја вода или парно. Извршителите коментираат дека од година расте бројот на предмети кои се решаваат преку присилна наплата.
Извор: 24 вести