Во предградието на Минхен во населбата Неуперлах се гради ѕид, со кој локалното население ќе се огради од кампот предвиден за сместување на бегалците.
Ѕидот ќе биде долг околу 100 метри и речиси четири метри висина.
Во кампот ќе бидат сместени околу 160 млади азиланти без придружба на возрасни.
Локалното население, кое за изградбата на ѕидот бараше судска дозвола, оценува дека значително би опаднала вредноста на нивниот недвижен имот ако не се одвојат од азилантскиот центар.
Жителите стравуваат и од бучавата од бегаалците и од нивното однесување.
https://www.youtube.com/watch?v=eKidWODZOfU