Утре , петок, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Лебедово езеро“, еден од бисерите на балетската класика.
„Лебедово езеро“ е во кореографија на гостинот од Украина, Виктор Јаременко, додека во главните улоги ќе настапат првенците: Марија Кичевска Шокаровска и Бобан Ковачевски.
Во улогата на Ротбарт, ќе настапи Игор Веланоски. Со оркестарот на МОБ ќе диригира Бисера Чадловска.