„Анти-терористичка операција“ се одвива во моментов во регионот на Доњецк, источна Украина, соопшти актуелниот претседател на земјата Олександар Турчинов, пред парламентот на земјата.
„Ќе се спроведува чекор по чекот, одговорно и внимателно“, рекол Турчинов, нагласувајќи дека целата на ваквите акции е да се заштитат жителите на Украина и да се запре теророт, криминалот и поделбата на Украина.
Портпаролот на украинскиот Безбедносен и одбранбен совет, Евген Рохенјук, потврди дека батаљон од 350 трупи се испратени во источниот дел на Украина од Киев.
Истото го потврди и заменикот на украинското министерство за внатрешни работи, Микола Величкович. Тој потенцираше дека трупите ќе бидат распоредени по пристигнувањето во источна Украина.
Претходно, Турчинов им даде рок на про-руските поддржувачи да се разоружаат или да се соочат со „целосна анти-терористичка операција“. Рокот помина, а демонстрантите и понатаму ги држат зградите на градските управи.
Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен денеска побара Русија да ги повлече трупите од украинската граница и да преземе чекори за смирување на кризата во оваа земја.
За в четврток во Женева се закажани разговори на високи претставници на САД, Русија, Украина и ЕУ со цел да се стави крај на украинската криза.