Се зголемува напнатоста пред утрешниот референдум на Крим на кој околу 2 милиони жители ќе се изјаснат дали се за останување во Украина или за приклучување кон Русија. Н а територијата на цела Украина безбедноста е на највисоко можно ниво, полицијата секаде има поставено контролни пунктови, а луѓето панично ги повлекуваат своите пари од банките.
Русите, кои живеат на Крим, нестрпливо го чекаат гласањет, бидејќи новата власт во Киев ја сметаат за нелегитимна и фашистичка.
-Ја избираме Русија поради тоа што таа не штити и се чувствуваме сигурни под нејзина заштита, изјави Сергеј Тсеков, портпарол на парламентот на Крим.
Кримските Татари, најавија бојкот на референдумското изјаснување.
-Овој референдум е нелегален. Тој е измама и ќе се оддржи против наша волја, изјави жител на Крим.
Европа и САД сметаат дека референдумот е нелегитимен и опасен. Русија смета дека одлуката на кримската власт е во согласност со меѓународното право. Иако и Украина и Русија тврдат дека Крим го бранат со сите дипломатски и политички средства, а воената опција е отфрлена, сепак и двете засилено распоредуваат воени сили на целата територија.