Папапа Франциско и рускиот лидер Владимир Путин ќе ги поправаат односите помеѓу Ватикан и Русија. Според соопштението на Ватикан, средбата е закажана за 25 ноември во седиштето на Поглаварот на Римокатоличката црква.
Односите на Ватикан со Русија се нарушени по распадот на Советскиот сојуз во 1991 година. Русија ја обвинува Католичката црква дека се обидува да преземе верници од Руската православна црква, додека Ватикан негира.
Путин имаше средби со претходниците, Бенедикт Шеснаесетти и Јован Павле Втори и постои надеж дека е можна средба меѓу папата и рускиот патријарх, јавуваат западни медиуми.