Над 1.500 пожарникари се вклучени во операциите за справување со вкупно 82 пожари кои последниве денови беснеат во австралиската провинција Нов Јужен Велс.
Како што јави ИТАР-ТАСС, огнената стихија досега уништи над 100.000 хектари површини, при што 16 пожари и натаму се вон контрола.
Најголемите пожари беснеат во реонот на Сините Планини западно од Сиднеј, каде во неколку помали населни места досега целосно се уништени 193 станбени или деловни објекти, а 109 се делумно оштетени.
Австралиските медими јавуваат дека и во самиот Сиднеј се чувствува мирост на чад, а здравствените власти предупредија на зголемени ризици по здравејто на децата, постарите лица и хронично болните.
Минатиот месец во Австралија беа регистирани досега највисоките температури измерени во септември од како се води таква евиденција од пред повеќе од 150 години. Темепратурите и во октомври се повисоки од просечните, но засега не се рекордни.