Здружението Плоштад Слобода денеска во големата читална на НУБ Св. Климент Охридски во 19 часот, организира предавање и дискусија за политичко-еколошкиот концепт degrowth, што во земјите од регионот е преведен како „одраст“.
-Откако е скован терминот во 1972. година, а најмногу денес, décroissance, низ разни призми се бави со критика на растот. Во суштина, тој инсистира на демонополизација на јавната дискусија од идиомите на економизмот и напуштање на економскиот раст како општествена цел сама по себе, се вели во најавата за денешното предавање.
Целта на дискусијата е подобро запознавање со овој концепт/теорија, како и размена на идеи кои може да се аплицираат во наши локални или регионални рамки и контексти.
Предавањето ќе го одржи Ајда Пистотник од здружението ЕнаБанда од Љубљана, Словенија. Колективот работи на културни активности како филмска продукција, но и истражување на јавни политики.
Пистотник се занимава со политички науки и развојни студии заедно со човековите права. Таа веќе некое време ја следи дебатата за degrowth и иницијативите кои произлегуваат и е авторка на неколку текстови кои се обидуваат да и го доближат концептот на пошироката јавност.
Таа е критична кон постмодерните времиња во кои живееме, кон неолиберализмот и се обидува да визуелизира можно алтернативно размислување и пракса. Моментално, Пистотник уредува специјално издание на академското списание ČKZ – Časopis za kritiko znanosti, domišljijo in novo antropologijo, посветено на концептот во Словенија преведен како „одраст“.
Влезот е слободен, а предавањето и дискусијата се на англиски јазик.
За повеќе информации: plostad.sloboda.skopje@gmail.com или 071 464 967.