Хјустон: Најмалку 70 луѓе загинаа меѓу кои 21 дете од христијански летен камп во поплавите што го погодија централниот дел на Тексас после обилни дождови. Според метеоролозите, месечното количество на дожд паднало за само 45 минути ноќта на 4-ти јули.
Сшасувачите ја продолжуваат потрагата за 11 кампери и еден советник кои се водат за исчезнати во кампот „Мистик“, во областа на реката Гвадалупе, каде нивото на водата пораснало за 7,5 метри за 45 минути што предизвика излевање на реката и трагедија.