Барака во скопската населба Пржино попладнево изгоре во пожар.
Брза интервенција на Противпожарната единица на Град Скопје спречила поголемо ширење на огнот.
Во огнената стихија повреден е соственикот кој се обидел да го гаси пожарот.
Од Противпожарната бригада на Град Скопје за МИА информираат дека интервенирале со шест возила и 18 пожарникари и оти пожарот веднаш бил изгасен со што се спречило огнот да биде префрлен кон околните куќи.