Тузла: Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 10 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон во Бозна и Херцеговина.
Пожар од поголеми размери го зафатил седмиот кат од зградата на Домот за пензионери во Тузла околу 20:45 часот. Според првичните информации на полицијата, животот го загубиле десет штитеници на Домот.
Во Универзитетскиот клинички центар Тузла медицински се згрижени околу 20 лица, односно пожарникари, полицајци, медицински работници, како и вработени и штитеници од Домот за пензионери. Телата на настраданите ќе бидат префрлени во Комеморативниот центар заради идентификација и обдукција, соопшти Управата на полицијата при МВР на Тузланскиот кантон.
Од Домот за пензионери во Тузла информираа дека пожарот избувнал синоќа околу 20:45 часот, а со брза интервенција го ставиле под контрола и го изгаснале припадниците на Професионалната противпожарна единица Тузла.

