Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во сабота ќе се знае дали еболата е присутна во Македонија

0
By Менче Атанасова Точи on October 10, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Нема нов сомнителен случај со симптоми слични како починатиот Британец, за кој постои сомнеж дека бил заболен од ебола. Неговиот пријател кој се наоѓа во карантин нема никакви симптоми на болест. Телото на починатиот е однесено на Институтот за патологија, од него се земени примероци за анализа кои утринава се испратени во референтна лабораторија во Хамбург. Резулатите се очекува да бидат готови во сабота попладне. Врз починатиот нема да биде извршена обдукција се додека не пристигнат резултатите, а телото е сместено во стаклен и дрвен сандак, со средства за дезинфекција и е ставено во изолирана просторија на Клиниката за инфективни болести.

– Здравствениот систем е во состојба на подготвеност и случајот се третира како да е ебола, иако официјално не е потврдено дека станува збор за ова опасна болест. Кога ќе ги добиеме резулатите и доколку не се работи за ебола, врз телото ќе биде извршена обдукција за да се види од што починал, изјави Јованка Костовска од Министерството за здравство.

Во хотелот „Супер 8 “ каде што престојувал починатиот 25 луѓе се наоѓаат под карантин, таму постојано има медицинска екипа од доктор и медицинска сестра и се разговара со луѓето, се следи нивната здравствена состојба. На Клиниката за инфекитивни болести 10 луѓе се наоѓаат во карантин, меѓу нив и медицинската екипа од Итната медицинска помош.

Почнатиот Британец немал крварење од сите делови на телото,како кај еболата, туку внатрешно, што отвара сомнеж дека се работи за нешто друго велат надлежните. Тој три дена по ред не излегувал од хотелската соба, таму влегувала само собарката за да го пресоблече и да му помогне.

Од Министерството за здравство не одговорија дали Институтот за патологија има можности и опрема да ја направи обдукцијата на телото. Не се соопштува ниту идентитетот на починатиот Британец.

Во јавноста се шпекулира дека се работи за бизнисменот Колин Џефри, кој пред неколку години бил прв човек на Советот за странски инвеститори во Македонија, поранешен директор за стратегиски планирања во „Џонсон Мети“. Неговиот пријател кој во моментот се наоѓа под карантин, е Мајкл Инглиш бил советник во македонската Влада. Нема официјална потврда за овие информации.

Клиниката за инфективни болести каде беше хоспитализиран пациентот, е дезинфицирана и функционира нормално, а делот каде престојувал пациентот е под посебен режим и таму се веќе преземени сите мерки за темелно чистење и дезинфекција на просторот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
ФОКУС

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

ВЕСТИ November 6, 2025

Претставнички од иницијативата „Сите за Палестина“ денес имаа средба со претседателката Гордана Силјановска Давкова, во…

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.