Во Сараево и денеска продолжуваат протестите за оставка на Владата на БИХ. За напладне во 12 часот е најавено ново собирање на кое се повикуваат граѓаните од цела држава повторно да излезат на улица и да бараат промена на владеачката гарнитура на чело со Нермин Никшиќ од Социјалдемократската партија. По големите протести премиерот на кантоналната Влада во Сараево, Суад Жељковиќ си даде оставка.
Премиерот на Федерацијата Босна и Херцеговина Нермин Никшиќ, изјави дека е подготвен да даде оставка ако постои парламентарно мнозинство.
-Се додека тоа не се случи, ќе ја извршувам својата фукција и ќе се борам за народот. Се што е неопходно за промена на власта се потребни 50 проценти од гласовите во Парламнтот, рече Никшиќ
Според членот на Претседателството на БИХ, Бакир Изетбеговиќ во ваква ситуација вонредните избори се единствената опција.Според него во Федерацијата БИХ треба да се намали администрацијата, да се изедначат платите во реалниот сектор и администрцијата и треба да се работи на програмотат за мерки.
По четиридневните протести, оставки си поднесоа премиерите на кантоните Тузла,Зеница и Сараево.
Во Федерацијата БИХ има 10 кантони,а граѓаните бараат итно укинување на кантоните, на двата ентитета, Федерацијата и Република Српска, како и намалување на обемната државна администрација.