Седум членови на меѓународната хуманитарна организација Црвен крст се киднапирани во Сирија, јавува Ассошиетед Прес.
Хуманитарците се киднапирани од вооружени напаѓачи во околината на градот Саракеба во покраината Идип. Киднапирањето го потврдил портпаролот на Црвениот крст во Дамаск.
Според информациите станува збор за шест активисти на Црвениот крст и еден доброволец од сиријската Црвена полумесечина. Не се открива идентитетот на хуманитарните работници.