Бројот на Сиријци до кои хуманитарните организации не можат да дојдат е зголемен од 3,5 на 4,7 милиони луѓе, проценува Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, во извештајот што вчера го предал во Советот за безбедност.
Овој извештај го опфаќа периодот од 20 мај до 17 јуни, а во него се вели дека нема подобрување во пристапот на хуманитарната помош на луѓето во Сирија до кои не може да се дојде поради непристапност на теренот.
Хуманирната состојбa е влошена. Сега помош им треба на 10,8 милиони луѓе, меѓу кои 6,4 се раселени, што е пораст од 17 проценти во однос на претходните проценки, се вели во извештајот.
Околу 214 000 луѓе се под опсада, меѓу нив 196 000 се под опсада на владините сили, а 45 000 се под опсада од страна на опозициските групи во Nubalu и во Захра.