Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Скопје е прогласена епидемија на жолтица

0
By Менче Атанасова Точи on August 22, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Скопје е прогласена е епидемија на жолтица поради 66 регистрирани случаи од оваа заразна болест. Само во последните десет дена од жолтица заболеле 21 лице, при што во четири семејства има по двајца заболени, а во едно семејство во Шуто Оризари се заразиле дури тројца од семејството, соопштуваат од Центарот за јавно здравје.

Од вкупниот број заболени лица, 40 се болнички лекувани на Клиниката за инфективни болести и на  Инфективното одделение во болницата „8-ми Септември“. Во моментов на Клиниката се хоспитализирани 15 лица, кои се во добра здравствена состојба. Заболените се на возраст од три до 58 години.

-Најголем дел од заболените вкупно 21 се од населбата Шуто Оризари, во Карпош има 8 заболени, Чаир 6, Кисела Вода 5 заболени, во Гази Баба се регистрирани 5 луѓе со заразна жолтица, во населбата Аеродром 9, во Илинден 2, Ѓорче Петров 3 случаи и во Бутел има двајца заболени, потенцираат од скопскиот Центар за јавно здравје.

Надлежните велат дека постои можност зголемениот број на заболени од заразна жолтица да се должи на интензивните дождови, собирање на атмосферската вода и делумно излевање на канализација во населбите каде се појавени повеќето случаи.

Но, независно од местото на живеење, зголемениот број случаи може да се должи и на недоволно оддржување на лична хигиена, не доволно миење раце и несоодветно миење на свежото овошје и зеленчук.

Епидемиолозите велат дека олеснителна околност е тоа што се уште трае летниот распуст на учениците, со што дополнително се спречува ширење на заразна жолтица во училиштата.

Од Оделението за епидемиологија соопштуваат дека  преземаат соодветни мерки за спречување на ширење на заболувањето.

На граѓаните им се препорачува да внимавата на личната хигиена,   одржување на хигиена  во домот и санитарните јазли, редовно миење на раце пред јадење и особено после одење во тоалет, добро миење на свежо овошје и зеленчук пред конзумација, конзумација на исправна вода за пиење.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
ФОКУС

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

ВЕСТИ November 6, 2025

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва…

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.