Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Скопје инсулин само во одредени денови од неделата-нема фармацевти

2
By Менче Атанасова Точи on June 19, 2018 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Летово за време на одморите дел од инсулинските аптеки ќе работа само во одредени денови во неделата, а пацинетите ќе мора со автобус по горештините да го носат инсулинот со што ризикуваат да се расипе или да не делува

Дел од инсулинските аптеки во Скопје ќе работат само во одредени денови во неделата поради што пациентите мора да патуваат во друга населба за да земат инсулин, реагираат дијабетичари во НОВА.

Инсулинската аптека во скопската населба Драчево ќе дели инсулин само во еден ден од неделата. Оваа аптека опслужува околу 3000 пациенти од оваа и од соседните населени места кои сега ќе мора да одат во поликлиниката Јане Сандански во населбата Аеродром за да земат инсулин.

Аптеките во населбите Чаир и Ѓорче Петров, пак нема да работат по еден ден во неделата.  Тоа за дијабетичарите е проблем бидејќи голем дел од старите луѓе не можат да се движат, а постои опасност инсулинот да изгуби во квалитет ако се носи по горештините.

„ Има стари луѓе кои не можат да се движат, како тие по жештините ќе патуваат до таму. Како ќе го носат инсулинот по жешкото кога не смее да се прекине ладниот ланец  бидејќи со тоа лекот го губи дејството или може да се расипе“ велат пациенти со дијабетес кои се јавија во НОВА.

Информацијата за НОВА ја потврди директорот на Здравствен дом- Скопје, Злате Мехмедовиќ. Тој тврди дека имаат дефицит од фармацевти поради што се принудени во текот на летните одмори да функционираат на тој начин.

„Поради недостиг на кадар некои пунктови  ќе работат само во одредени денови, додека во поликлиниките Јане Сандански, Букурешт и Бит Пазар ќе работат секој ден, односно пет дена во неделата. За да можат инсулинските аптеки да функционираат нормално потребни се уште двајца фармацевти и двајца фармацевтски техничари. Ние уште во март упативме барање во Министерството за здравство не само за ова, туку за вработување на 100 луѓе од разни профили што преставува еден минимум за да можеме да функционираме. Но, одговор се уште нема“, изјави за НОВА, Мехмедовиќ.

Злате Мехмедовиќ, директор на Здравствен дом-Скопје

Според Мехмедовиќ има недостиг на кадар во Итната медицинска помош, во Домашна посета, во Комисиите за боледување, кај екипите за вакцинација и во други сегменти.

Од Здружението за детски дијабетес „Баланс МК“ велат дека реагирале до здравствениот дом од каде што им потврдиле дека новонастанатата  ситуација е поради недостиг на кадар.

„Не смее да се остави ниту еден пациент без инсулин. Ова особено е критично за старите лица кои не можат да се движат и нема никаква логика од Драчево да одат во населбата Аеродром по инсулин. Тие луѓе не можат да се движат по горештини и да го носат инсулинот во автобус  на високи температури“, вели Наташа Деспотовска Димитриевска претседател на Здружението за детски дијабетес „Бланс МК“.

Наташа Деспотовска Димитриевска, претседател на Здружението за детски дијабетес„Баланс МК“

Во Скопје и околните села има вкупно шест инсулински аптеки. Половина од нив во текот на летото ќе работат со намален капацитет.

НОВА се обрати во Министерството за здравство со прашање до каде се новите вработувања и како да се реши недостигот со кадар инсулинските аптеки, но одговор до објавување на текстот не добивме.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

ВЕСТИ October 7, 2025

Весниотк „Израел Хајом“  објави документ од 21 кој страница открива детален план за воспоставување меѓународна…

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.