Вицепремиерот на Русија Димитриј Рогозин изјави дека во случај на напад Русија ќе користи атомско оружје за одбрана, јавува Итар-тас.
„Може да се експериментира со разместување на конвенционалното вооружување на стратешки носачи, но треба да се има в предвид дека во случај на евентуален напад врз нас, со согласност со усвоените доктрини, безусловно во одредени ситуации ќе започнеме одбрана на повисоките државни интереси со помош на атомско оружје“, изјави заменик премиерот во Думата.
Тој додаде дека било кој напаѓач или група напаѓачи мора да бидат свесни за тоа и дека таа можност е главен фактор за воздржување од провокации или напади на Русија.
„Никогаш не ја потценувавме улогата на атомското вооружување во одбраната“, рече Рогозин.