Борче Трајковски: Адио Гордана Дувњак, адио Гоцо моја …
Бев и дрзок и безобразен кога со моите критики и совети ја напаѓав, а после се’, ќе ми речеше: Боки, многу ми значат твоите критики, знам дека се искрени и никогаш не сум ти замерила, ниту некогаш ќе го сторам тоа. Како сакаш разбериме, ама многу те почитувам и те имам како редок пријател, остани таков …
Барав повеќе енергичност, оштрина, кратки и концизни прашања во ТВ интервјуата кои ги водеше Гоца, барав да ја надополни нејзита појава со новинарското искуство и со скромноста надградувајќи ја со нијанса построга интонација во таквите ТВ настапи …
Најверојатно барав премногу. Гоца природно беше надарена со мекост, со чудна блаженост од која не можеше да се ослободи и во тие моменти кога работеше, а публиката ко мене ги бараше …
Кога влезе во борбата со „ѕверот“, во секој разговор ја куражев и требаше да се видиме во Париз или Ронзуел, кај нејзината долгогодишна и наша заедничка пријателка Радица Бојаџиев Николовска. Не се случи таква средба, ама постојано бевме во контакт на месинџер. Не се предаваше, надежта живееше во неа. Секогаш кога на крај од пораката ќе и напишев “Ај лове ју“, таа одговараше со “М2“ …
Адио Гоцо моја, „Ај лове ју“…
Извор: Фејсбук



