Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Србија на пописот се изјаснувале и како вонземјани, мохиканци, пингвини а 27 илјади рекле дека се Југословени

0
By Соња Крамарска on April 28, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Републичкиот завод за статистика на Србија ги објави конечните резултати од пописот. Во нив интересно е што вкупно 136.198 од попишаните не одговориле на прашањето за нивната националност, додека националноста на вкупно 322.013 останала непозната.

Во случајот на лица кои не се изјасниле, станува збор за лица кои го искористиле своето уставно загарантирано право и можноста да не се изјаснат за својата националност. Меѓу оние кои се изјасниле за својата регионална припадност, станува збор за лица кои се декларирале како жители на Шумадија, Војводина, Врање, Ужице, Пириќ и слично.

Кај оние чија националност останала непозната, станува збор за лица кои не дале одговор на прашањето за националноста, за кои се земени податоци од административни извори или од кои е добиен одговор кој не претставува изјава за националност, наведуваат од Заводот за статистика.

Меѓу нив се и оние кои се изјасниле како вонземјани, џедаите, марсовците, космополити, мохиканци, хобити, елфови и пингвини.

Националното малцинство со најголем број членови, според резултатите од пописот од 2022 година, го сочинуваат Унгарците со нешто повеќе од 184.000, потоа Бошњаците со нешто повеќе од 153.000, додека на трето место се Ромите со речиси 132.000 членови.

Албанците со 61.687 членови, Словаците со речиси 42.000 и Хрватите со 39.107 членови се на списокот на пријавени според националност.

Според декларацијата за националноста на пописот, во Србија живеат и Бугари, Власи, Горани, Југословени (27.143), Македонци, муслимани, Германци, Романци, Руси, Украинци, Црногорци.

Кога станува збор за Југословените, на последниот попис тие сочинуваа 0,32 отсто, додека сега со 0,41 отсто.

Југословени националности попис 2022 Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.