Бeлград: Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали, објави вонредно зголемување на минималната плата од 1. октомври оваа година.
Мислам дека тоа е најдобрата и најголемата вест. Ќе има вонредно зголемување на минималната плата од 1. октомври оваа година, а дополнително зголемување на 1. јануари следната година.
Од 1. јануари ја зголемуваме минималната плата на 550 евра, изјави Мали за ТВ Прва.
Тој додаде дека оваа година минималната плата е зголемена за 13,7 проценти.
За првпат го достигнавме тоа ниво од 457 евра. Во договор со синдикатите и работодавачите, за првпат постигнавме консензус за изедначување на минималната плата со минималната потрошувачка кошничка, што беше барање на синдикатот, и во тоа успеавме во јануари оваа година, рече Мали.