Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Србија потрага по телото на Данка Илиќ

0
By Marija Todorovska on April 5, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
Foto: Kurir
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Србија додека се уште трае потрагата по телото на убиената двегодишна Данка Илиќ, а граѓаните палат свеќи, паралелно се води дебата за колективната траума од информирањето на таблоидите, порталите, социјалните мрежи и јавноста во Србија за овој случај, јави дописникот на МИА од Белград.

– Ова беше тежок ден за сите кои се занимаваат со ментално здравје и кај сите што ги следеа вестите за Данка Илиќ психолошката рамнотежа беше нарушена, изјави психологот Бранислава Стевиќ.

Таа додаде дека дополнителна отежнувачка околност беа огромниот број сензационалистички вести, кои значително го нарушија психолошкиот баланс на луѓето кои секојдневно ги следеа и читаа вестите.

Напливот на сензационалистичките вести беше повод за реакција на министерот за информации и телекомуникации на Србија, Михаило Јовановиќ, кој ги повика сите медиумски куќи и новинари да се однесуваат со најголема одговорност, почит и внимание при известувањето за убиството на двегодишното девојче во Бор.

– Важно е во овие тешки моменти да се земе предвид достоинството на жртвата и нејзиното семејство и да се избегнат какви било шпекулации или непроверени информации, рече Јовановиќ.

Тој побара од медиумите да се воздржат од сензационалистички пристап кој може дополнително да ја вознемири јавноста и да ја наруши приватноста на семејството на жртвата.

И Советот за печат ги повика сите новинари и уредници „веднаш да престанат со скандалозното, сензационалистичко, вознемирувачко и срамно известување за смртта на двегодишното девојче од Бор и да покажат минимум почит кон жртвата, како и обѕир и внимание и сочувство за нејзиното семејство“.

„Пријателите на децата на Србија“ упатија итно барање до Министерството за информации и телекомуникации строго да ги санкционира медиумите кои на дехуманизиран начин јавуваат за смртта на Данка Илиќ, по службена должност и согласно законот.

– Пишувањето на таблоидите овие десет дена откако исчезна девојчето може да се нарече како големо злосторство, изјави уредникот на неделникот Радар, Милан Ќулибрк, нагласувајќи дека „веќе не се согласува тие да се нарекуваат медиуми и новинари“.

Во дебатата за „поразот на човековото битие со објавување непроверени информации“ или „целосен недостиг на емпатија“, Нова.рс излезе со наслов „Зошто сакавме да ја обвиниме мајката: Случајот на малата Данка и нашите чудовишта“ авторот пишува: – А ние? А јас? Дозволив моите трауми да ме совладаат и поразат, да се препуштам на најстрашните нагони за коментирање, судење. Да ги хранам порталите со моите кликови и со тоа да барам повеќе „информации“, повеќе вести…? Недоверба во надлежните органи, кои додека го бараат детето три недели не можат да најдат ниту една возрасна особа, калта од медиумите во кои се валкаме, па и убијците на Данка, се само огледало на нашето општество. Ние самите. Ние не сме ништо подобри од нив. Вечерва никој нема да спие помирно затоа што е пронајдена Данка. За помирен сон, ќе мора да станеме подобри луѓе и подобро општество. Па, да почнеме од себе.

Белград Данка Илиќ убиство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.