На сите институции во Србија во знак на жалост за загинатите во поплавите знамињата се спуштени на половина копје, според досегашните информации загинале 22. луѓе.
Најтешко погодениот регионот на Обреновац бележи 14 жртви, но се стравува дека уште ќе бидат пронајдени по повлекувањето на водата, јавува Ал Џезира. Таму 2.500 луѓе се уште чекаат да бидат евакуирани, а поради безбедносни и здравствени причини враќањето во градот нема да биде дозволено, соопштува Секторот за вонредни состојби. Досега се евакуирани околу 32.000 луѓе.
Поплавите кои се случија во Србија катастрофално ќе влијаат на животната средина, но се избегнати значајни еколошки несреќи, како индустриски загадувања, објасни директорот на Агенцијата за заштита на животната средина, Филип Радовиќ.
Тој најави дека после асанацијата на земјиштето ќе следува мониторинг, посебно во поплавените подрачја, за да се утврди степенот на контаминираност. По повлекувањето на водата ќе започне процес на чистење од погинатите животни и ќе се врши дезинфекција.