Дури 97 основни училишта во Белград, како и некои средни училишта утринава добиле дојави за бомби, соопшти Министерството за образование. По детална проверка на противдиверзантските екипи на МВР во поголем број училишта, утврдено е дека пријавите за поставените бомби се лажни, се наведува во соопштението на Министерството.
Пријавите стигнале во раните утрински часови, во едно од училиштата било во 6.15 часот.
Во петокот три трговски центри, четири стдиденти домови и некои други објекти во центарот на Белград добиле дојава за бомби.
Во текот на минатиот месец вакви дојави за поставени бомби имаше за три трговски центри и за училишта. Пред тоа неколкупати имаше дојави и за авиони на „Ер Србија“ на релација до Москва и за седиштето на „Ер Србија“.