Четири лица, загинале а 23 лица се повредени во верижен судир во кој што учествувале повеќе од 35 возила на автопат во северна Грција. Од регионалната пожарникарна бригада за грчките медиуми известуваат дека судирот го предизвикал камион кој не успеал да ја намали брзината при свртување и удрил во автомобилот пред себе. Автомобилот, пак, се запалил и удрил во други возила. Поради работи на автпатот биле затворени лентите во правец на исток и автомобилите биле пренасочувани на 75 километри западно од Солун. Несреќата се случила токму на местото на пренасочувањето каде што камионот не успеал да ја намали брзината.
Две жени и еден маж загинале на лице место, а едно тело се уште е неидентификувано.