Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Сули ан концерт на „Фејмс“ со виолинистот Емилио Перцан

0
By Marija Todorovska on July 6, 2025 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европскиот оркестар на институтот „Фејмс“, составен од млади музичари од цела Европа, ќе одржи концерт на отворено вечер од 21 часот во Сули ан. Солист ќе биде виолинистот Емилио Перцан кој воедно е и диригент на концертот.

Концертот е дел од меѓународната студентска програма за оркестарска музика и студиско снимање, која се реализира во рамки на европскиот оркестарски изведувачки институт „Фејмс“– единствена ваква иницијатива во Југоисточна Европа.

Публиката ќе има можност да ужива во репертоар кој ги обединува Вивалди, Делабако, Пучини и Рихтер, различни музички епохи – од барокот и романтизмот, па сè до современи композиции со силна општествена порака и со посебен акцент на композицијата „Рекомпонираните Четири годишни времиња“ на Макс Рихтер, која претставува модерна реинтерпретација на делото на Вивалди инспирирана од климатските промени. Отворениот амбиент во Сули ан ќе овозможи интимна и несекојдневна атмосфера, совршена за љубителите на класичната музика, се наведува во најавата за настанот.

Виолинистот Емилио Перцан настапувал како солист и концертмастер со различни европски оркестри од 2006 година, настапувал на сцени како Театро Колон во Буенос Аирес, Берлинската филхармонија и Концертгебау во Амстердам. Овојпат ќе се појави во двојна улога – како солист и диригент.

Перцан студирал на Фолквангскиот универзитетот за уметности во Есен, каде што изучувал виолина со проф. Питер Даниел, камерна музика со проф. Дирк Момерц и барокна виолина со Стефан Шардт.

Покрај својата изведувачка дејност, тој е и страстен педагог. Во 2012 бил назначен за гостин-професор по виолина и камерна музика на Државниот универзитет за уметност и култура во Москва, а од март 2015 предава виолина на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Грац. Во 2020 бил назначен и на музичката академија „Калаидос“ во Цирих. Емилио Перцан е уметнички директор на Меѓународната летна школа за музички мастер курсеви во соработка со Jeunesses Musicales/Музичка младина од 2013 година, се соопштува за вечерашниот концерт.

„Фејмс“ – Европскиот оркестарски изведувачки институт е основан во 2022 година. Кофинансирана од проектот FAME’S, Европската Унија (Креативна Европа) и Министерството за култура на РСМ, програмата е дизајнирана да ги подобри уметничките и индивидуалните вештини на младите талентирани класични музичари од Европа со отворање нови иновативни перспективи во обуката, професионализацијата и можностите за изведба, преку иновативна оркестарска музичка програма.

Програмата става акцент на разновиден музички репертоар, овозможувајќи им на студентите да истражуваат широк спектар на жанрови: класична, филмска, џез, модерна, современа и музика од видеоигри.

концерт сули ан фејмс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.