Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во тек масовна имунизација против Ковид-19, пристигнаа првите вакцини од ЕУ

0
By Нова ТВ on May 5, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во тек е масовна имунизација против Ковид–19, бројките на новозаразени и хоспитализирани се намалуваат, што дава надеж за скорешно завршување на епидемијата. Покрај 200 илјади кинески вакцини, во земјава пристигнаа и првите количини од ветените 120 илјади дози од ЕУ што вчера ги доставија еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и австриската министерка за Европа Каролине Едштадлер.

Премиерот Зоран Заев смета дека зад нас e периодот кога тешко се стигнуваше до вакцините и оти влегуваме во широка имунизација,

– Зад нас останува периодот кога тешко се стигнуваше до вакцините и сите показатели и динамиката на пристигање на вакцините во претстојнииот период најавуваат дека во тој поглед имаме сериозни промени на подобро. Сепак и во такви услови солидарноста на ЕУ за нејзините земји членки, како и за земјите кандидати за членство во Унијата не изостана, изјави Заев на заедничката прес-конференција со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји по повод пристигнувањето на првите вакцини против Ковид–19, споделени и финансирани од ЕУ.

Станува збор за првите количини од одобрените вкупно 119.213 дози Фајзер кои ЕУ ги обезбедува како помош за С Македонија преку трилатералните договори во рамките на програмата „Тим Јуроп“.

– Преку оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан што ја координира Австрија пристигна првата испорака од 4.850 дози од вкупно 19.890 што се предвидени да бидат испорачани во месец мај. Дополнително добивме и 4.850 дози набавени врз основа на директен договор склучен со овој производител со Фајзер. Со редовните месечни количини вкупните 119.213 фајзер вакцини од оваа програма ќе бидат целосно испорачани до крајот на август. Со овие вакцини заедно со целата останата количина што веќе ја имаме во нашата земја, како и со сите останати договорени да пристигнат во нашата земја во наредниот период, па се до крајот на годината влегуваме почнувајќи од денеска во широка и обемна имунизација на севкупното население во земјата, рече Заев.

Тој очекува вкацинирањето да тече без престан, бидејќи обезбедени се ефикасни и безбедни вакцини и аперлираше до сите граѓани да се пријават на вакцинација.мк. за да добиете термин за вакцинирање.

– На овој начин со заинтересираност на населението се обезбедени вакцини и со добро организиран систем на вакцинацијата очекуваме да се промени целокупната слика на епидемијата во позитивна смисла и полека да влеземе во постигнување на колективен имунитет. Се разбира овие охрабрувачки процеси не треба да влијаат, да попушти вниманието и претпазливоста. Паралелено со масовната вакцинација да продолжиме со примена на мерките за лична заштита се додека епидемиолозите и ИЈЗ не донесат други препораки, посочи Заев.

Владата и МЗ веќе иницираа формирање на дополнителни регионални вакцинални пункотви за масовна вакцинација против Ковид 19 во Битола Охрхид, Штип, Кавадарци,Тетово и Куманово, а многу бргу такви пунктови ќе бидат отворени и во Велес и Прилеп.

– Ве уверувам дека ЕУ се грижи и ги поддржува Северна Македонија и Западен Балкан од самиот почеток на пандемијата. Ова е само почеток и ќе продолжиме да бидеме покрај вас, порача еврокомесарот Вархеји во СЦ „Борис Трајковски“ по предавањето на првите дози вакцини против Ковид–19 обезбедени од Европската Унија.

– Ова е добар ден за Западен Балкан и за Северна Македонија. Конечно можеме да ги испорачаме првите вакцини. Денеска сме горди да објавиме дека близу 120 илјади вакцини за Северна Македонија ќе бидат испорачани до крајот на август. Тоа е подарок од ЕУ за Северна Македонија за да ја преброди пандемијата. Се надевам дека целосно ќе го заокружиме процесот на вакцинација. Бидејќи не сме безбедни додека сите не се безбедни, рече Вархеји.

Посочи дека не било лесно да се обезбедат вакцините и искажа голем благодарност до Владата на Австрија.

Австриската министерка за Европа Каролине Едштадлер, рече дека е среќна што Австрија и ЕУ успеале да обезбедат 650 илјади вакцини за Западен Балкан, од кои речиси 120 илјади се за С Македонија.

Едштадлер истакна дека пандемијата се уште не е готова, но оти вчерашниот ден е ден на надеж дека наскоро ќе биде надмината.

– Вакцинацијата ќе го смени текот на пандемијата, ќе го намали товарот врз медицинските работници и здравсвениот систем. Ова е гест на посветеност на Австрија и ЕУ кон Западен Балкан. Австрија се залага регионот да биде во центарот на надворешната политика на ЕУ и затоа ќе продолжи да дава поддршка во тој контекст. Се надевам дека наскоро ќе можеме да се вратиме во нормала. Само со заеднички сили можеме да и ставиме крај на пандемијата, рече Едштадлер.

Вакцинацијата против Ковид–19 во земјава почна на 17 февруари. Од 5 април почна помасовна вакцинација во вакциналниот пункт во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, каде покрај здравствени работници беа вакцинирани и лица од критичната популација. Заклучно со 2 мај со „Фајзер“ вакцинирани се вкупно 19.858 (15.933 со прва доза и 3.925 со втора доза), со „Спутник В“ 34.177 (22.768 со прва доза и 11.409 со втора доза), со „Астра Зенека“ вкупно 21.949 и со „Синофарм“ се вакцинирани 953 лица.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
ФОКУС

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

ВЕСТИ November 14, 2025

Во знак на сеќавање на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани,…

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025

Комисијата утврди и соопшти: На десет пациенти им е извршена непотребна операција на срце

November 14, 2025

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

November 13, 2025
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.