Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Тирана на пролет ќе се одржи Самит за Украина

0
By Marija Todorovska on January 25, 2024 ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото: tiranatimes.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Амбасадорот на Украина во Албанија Володимир Шукров изјави дека Самит за поддршка на Украина ќе се одржи напролет во Тирана, изразувајќи при тоа голема благодарност од име на неговата земја за континуираната поддршка што ја дава Албанија.

Во интервју за abcnews.al тој ја  смета Албанија за партнер со најголема доверба.

– Премиерот (Еди) Рама најави самит за Украина. Тоа беше изненадување и за мене. Ова на прво место покажува за улогата што ја игра Албанија. Се разбира, одржувањето таков самит е поздравен и во Украина и тоа е многу важно за нас бидејќи Албанија е наш партнер, изјави амбасадорот.

Наведува дека претходно имало телефонски разговор меѓу премиерот Рама и претседателот Володомир Зеленски за многу прашања.

– Претседателот сакаше да изрази благодарност за поддршката што ја имаше од Албанија во овие две години. Самитот ќе се одржи напролет. Знаете дека продолжува и соработката на билатерални полиња, има и пријателски односи меѓу премиерот Рама и Зеленски, но неговото доаѓање во Тирана во моментов сè уште е рано да се потврди, вели Шукров.

Албанскиот премиер Еди Рама, по состанокот на лидерите на Западен Балкан посветен на Планот за раст усвоен од Европската Унија, што во понеделникот се одржа  во Скопје,  за албанските медиуми изјави дека во Тирана наскоро ќе се одржи Самит за поддршка на Украина, на кој ќе присуствува и Зеленски.

Во телефонски разговор, пак,  Зеленски му се заблагодарил на Рама за поддршката против руската агресија врз Украина, за поддршката и во Советот за безбедност на ОН, за политичката и одбрамбената поддршка од страна на Албанија и побарал проширување на програмите за обука на украинските војници со учество на Албанија.

Зеленски Самит за Украина Тирана
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025
ФОКУС

Филипче: До крајот на годината буџетската дупка ќе изнесува 1,4 милијарди евра

ВЕСТИ October 15, 2025

Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција говорејќи за економските индикатори, изјави дека состојбата…

Донации во пари за првите десет дена од кампањата за локалните – за ВМРО-ДПМНЕ 423.000 евра, за СДСМ 7.000 евра

October 14, 2025

Прогласени лауреатите на наградата „Европско наследство“ за 2025 година 

October 14, 2025

Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

October 14, 2025
ТИКЕР

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.