Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје денеска упати апел до граѓаните, фирмите и државните институции редовно да си ги плаќаат сметките, истакнувајќи дека наплатата изнесува само 35 до 40 отсто.
Сепак, и покрај ниската наплата, ништо нема да ја запре изградбата на новата управна зграда на компанијата во барок стил покрај Вардар.
Од друга страна, пак, ЈСП ја менува казнената политика за да може да наплати поголем процент од казните што им се врачени на лицата кои се фатени како се возат без билети.